Правдико

   

“Алфите“ минатиот месец по разни основи привеле 208 лица

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

baner alfiВо текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1597 лица, потоа преглед на 446 ПМВ, извршен преглед на 66 лица и поднесени 59 извештаи за непосредно забележани лица.

По основ на телеграма приведени се 31 лице, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд – 10 лица, под сомнение за извршено кривично дело – 20 лица, по извршено кривично дело – 17, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени 10 лица, за издржување на казна затвор – осум лица, за утврдување на идентитет – седум лица и за недозволени предмети по основ на прекршоци -седум лица.

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 21 лице
–    за учество во тепачка – шест лица
–    за физички напад – 11 лица
–    комар или други игри на среќа – четири лица

Вкупно приведени лица со оружје – едно лице
–    пушка  –  едно лице

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – 32 лица
–    со НН тревкаста материја – 25 лица
–    со НН прашкаста материја – четири лица
–    со таблети – три лица

Вкупно приведени лица со ПМВ – 31 лице

–    по телеграма – 17 лица
–    непоседување на соодветна документација – три лица
–    поради сомнение за извршено кривично дело – едно лице
–    сторен сообраќаен прекршок – седум лица
–    сторен царински  прекршок – две лица

Вкупно приведени лица со ТМВ за непоседување на соодветна документација за товар – пет лица

Приведени лица со мотоцикл за непоседување на соодветна документација – осум лица

Останати активности:

–      Предадени 16 лица поради нарушен ЈРМ

–      Предадени пет лица – сторители на кривични дела

–      Предадени 53 лица за сторен сообраќаен прекршок

–      Три останати случаи за предадени лица

–      пронајдени и предадени седум ПМВ и два други предмети кои потекнуваат  од кривично дело

Извршени 10 обезбедувања на лица, изготвени две оперативни информации и дадени 13 асистенции при вршење претрес на дом и други простории. Постапено по две РОА, извршено физичко обезбедување на затвор Идризово, пронаоѓање лица кои се бараат по судска наредба и пружена помош на душевно болно лице.

Партнери на Правдико