Правдико

   

“Алфите“ минатиот месец по разни основи привеле 211 лица

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

baner alfiВо текот на минатиот месец припадниците на Единицата за прв одговор и интервенција – Алфа при вршење на редовна мотопатролна дејност вкупно извршиле легитимирање на 1156 лица, потоа преглед на 18 ПМВ, извршен преглед на 55 лица и поднесени 382 извештаи за непосредно забележани лица.

По основ на телеграма приведени се 26 лица, по Потрага, Гласник или Наредба од Основен суд –седум лица, под сомнение за извршено кривично дело – 22 лица, по извршено кривично дело – 14 лица, на лице место во вршење на кривично дело биле приведени две лица, за издржување на казна затвор – седум лица, за утврдување на идентитет – 17 лица, за недозволени предмети по основ на прекршоци – две лица и приведено е едно лице (странски државјанин) со нерегулиран престој во РМ;

Вкупно приведени лица по ЈРМ – 37 лица
–    за учество во тепачка – 23 лица
–    за физички напад – осум лица
–    омаловажување на ПС – две лица

За напад на службено лице чл.383 од КЗ на РМ – две лица

Вкупно приведени лица со оружје – девет лица
–    со сигнален пиштол – пет лица
–    со пиштол – две лица
–    пушка  –  едно лице
–    преправено или рачно изработено оружје- едно лице

Вкупно приведени лица за поседување опојни дроги – седум лица
–    со НН тревкаста материја – пет лица
–    со НН прашкаста материја – две лица

Вкупно приведени лица со ПМВ – 41 лице
–    по телеграма – 26 лица
–    непоседување на соодветна документација – две лица
–    поради сомнение за извршено кривично дело – три лица
–    сторен сообраќаен прекршок – седум лица
–    сторен царински  прекршок – три лица

Вкупно приведени лица со ТМВ – едно
–    не поседување на соодветна документација за товар – осум лица

Приведени лица со мотоцикл за непоседување на соодветна документација – девет лица

Останати активности:
–    предадени осум лица поради нарушен ЈРМ
–    предадени осум лица – сторители на кривични дела
–    предадени 38 лица за сторен сообраќаен прекршок
–    три останати случаи за предадени лица
–    пронајдени и предадени едно ПМВ и три други предмети кои потекнуваат  од кривично дело
–    предаден еден мотоцикл и
–    пронајдено едно возило барано по телеграма.

Извршени едно обезбедувања на лице место, 18 обезбедувања на лица, изготвени девет оперативни информации, дадени 16 асистенции при вршење претрес на дом и други простории, една асистенција за потребите на службите на Министерството и една асистенција дадена на други надлежни институции. Постапено по РОА, предадени пет патни исправи, пронајдено и предадено изгубено женско лице и пронајдено безживотно тело.

Партнери на Правдико