Алфите пукале за да смират штипјанец што дивеел во зграда во Скопје | Правдико

Правдико

   

Алфите пукале за да смират штипјанец што дивеел во зграда во Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пукотници во центарот на Скопје. 32-годишен штипјанец вчера од засега непознати причини почнал да крши стакла од зграда, во близина на студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу. Откако инцидентот бил пријавен во полиција, пристигнала патрола на „Алфите“, која тргнала во потера по него.

1o12ogelfkf

Тој повреден почнал да трча кон трговскиот центар „Рамстор“ и влегол во една од кулите. И тука штипјанецот со голи раце почнал да крши стакла од кат на кат.

„Алфите“ се обиделе да го совладаат, но тој им се заканувал држејќи две големи парчиња скршени стакла во своите исечени раце.

Двајца полицајци испукале по еден предупредувачки куршум, по што почнала брканица по скалите. На последниот кат штипјанецот бил совладан и веднаш бил однесен во болница за да му биде спречено обилното крвавење.

Полицијата информира дека против штипјанецот ќе бидат поднесени неколку кривични пријави.

Извор: 24Вести

Партнери на Правдико