Алкатраз: Факти и бројки | Правдико

Правдико

   

Алкатраз: Факти и бројки

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Затворот на островот наречен Алкатраз бил американска затворска институција со максимум обезбедување, кој што се наоѓал во употреба од 1934 до 1963 година. Во денешно време затворот е претворен во музеј. Да погледнеме неколку интересни факти и бројки за овој озогласен затвор:

Alcatraz-Island-lighthouse-571x322

Колку голема била просечната ќелија?

Секоја ќелица во блоковите Б и Ц била 1,5 на 2,7 метри. Ќелиите во Алкатраз имале мали мијалници со студена вода, мал кревет и тоалет. Повеќето луѓе можеле да ги рашират рацете и да ги фатат ѕидовите од двете страни на ќелијата. Во Д блокот каде што се наоѓале самиците, ќелиите биле поголеми, но секако помалку популарни. Во Д блокот, затворениците биле затворени по 24 часа со исклучок на една посета во дворот за рекреација еднаш неделно, и тоа сами.

Колку ќелии имало ?

Постоеле вкупно 336 ќелии во блоковите Б и Ц. Порано постоеле 348, но 12 биле отстранети за да се изградат скали на крајот од секој блок. Имало 36 сегрегациски ќелии и 6 самици во блок Д. Две од ќелиите на крајот од Ц блокот биле употребувани како тоалети за чуварите. Ќелиите во А блокот биле употребувани само неколку пати за ретки затворски казни на помал период, кога затвореникот не требало да добие целосен сеграгациски третман, но имало потреба да биде изолиран од остатокот на затворениците. Инаку, А блокот се користел како магацин за материјали.

Каде затворениците ги примале своите посетители ?

Иако можеби звучи неверојатно за овој озогласен затвор, затворениците имале право на посета еднаш месечно и секоја посета требало да биде одобрена директно од управителот на затворот. Никаков физички контакт не бил дозволен и правилата диктирале дека затворениците не смееле да дискутираат за тековните настано или било што во врска со животот во затворот. Затворениците зборувале со нивните постители преку интерком, а разговорите биле под надзор. Тие што не се придржувале кон правилата биле казнувани со забрана за посета или им биле скратувани други привилегии што ги уживале во затворот.

Каде живееле фамилиите на чуварите ?

Во било кое време, во Алкатраз живееле околу 300 цивили – жени и деца. Основните станбени објекти каде што живееле фамилиите биле зградата број 64, 3 згради со апартмани, еден голем дуплекс, и 4 големи дрвени куќи за постарите офицери. Фамилиите можеле да користат сала за куглање, мала колонијална продавница, и машина за точење на сокови за помладите жители на островот. Фамилиите претежно купувале од блискиот град со оглед на тоа што секој ден брод од затворот 12 пати одел до Ван Нес пристаништето. Управителот живеел во голема куќа споена со зградата со ќелии, и ги користел затворениците со најдобро поведение за готвење и чистење.

Дали имало егзекуции во Алкатраз ?

Не, во Алкатраз немало објекти за извршување на смртна казна и обично тоа им било оставено на државните институции. Од Алкатраз, затворениците осудени на смртна казна биле префрлани во затворто Сан Квентин за екзекуција во гасна комора.

Колку луѓе починале додека биле во Алкатраз?

Осум луѓе биле убиени од други затвореници, пет луѓе се самоубиле а 15 починале од природни болести. Островот исто така имал и своја мртовечница, но таму не биле правени аутопсии.

Колку затвореници имало во Алкатраз ?

Најголемиот број на затвореници во исто време што се наоѓале во затворот бил 302, а најмалиот – 222. Просечниот број на затвореници во 29 годишното работење на затворот бил околу 260. Околу 1545 биле вкупно затворени таму, а околу 30 се вратиле во Алкатраз откако биле ослободени, за други злосторства.

— ПРАВДИКО —

Препорачуваме

Партнери на Правдико