Американец доби 28 години затвор за предизвикување епидемија на салмонела | Правдико

Правдико

   

Американец доби 28 години затвор за предизвикување епидемија на салмонела

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

general+prison+tamms11Поранешниот сопственик на компанија за производство на путер од кикирики од Џорџија, Стјуарт Памел, синоќа е осуден на 28 години затвор поради учество во предизвикување епидемија на салмонела, во која заболеа 714 лица, а девет починаа.

Во реткиот случај на кривична тужба поради труење со храна, Стјуарт и неговиот брат Мајкл, кој работел во компанијата, се осудени под обвинение дека свесно им испорачувале на потрошувачите путер од кикирики заразен со салмонела.

Поради таа зараза од фабриката во Блејкли, во Џорџија, 2008 и 2009 година се случи едно од најголемите повлекувања на храна во историјата на САД, а компанијата „Американска корпорација за кикирики“ е ликвидирана.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико