Американец и Руси уапсени во САД под сомнение за изнесување чувствителни технологии во Русија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Правосудните органи на САД го уапсија во четвртокот Американец под обвинение за „незаконски извоз на чувствителни технологии од САД“ на нарачатели во Русија, а како негови соучесници, исто така, се приведени и двајца Руси, пренесе агенцијата ТАСС повикувајќи се на обвинителството на Источниот округ на сојузната држава Њујорк.
Американецот е идентификуван како 36-годишник кој живеел во њујоршки Бруклин, да руските државјани се на 33 и 27-година возраст, кои се уапсени во Денвер, во сојузната држава Колорадо.
Според обвинителството, обвинетите Руси како соучесници се приклучиле на „заговор со цел да се дојде до најновата технолошка микроелектроника од американски производители и добавувачи со цел да се извезат во Русија“. Притоа, тие се обиделе да го заобиколат системот за лиценцирање на владата на САД за контрола на извозот на таквите производи, пренесува агенцијата Reuters.
САД имаат воведено, особено по наметнувањето на санкциите кон Русија во 2014 година поради украинската криза, остри ограничувања за извоз и реизвоз на одредени категории производи кои може да „имаат значителен придонес за воените способности на други држави и унапредувањето на нивното оружје“, а производите кои биле предмет на интересот на обвинетите, наводно имаат широка примена во воениот сектор, особено во радарските и системите за наведуваните ракети.
Доколку бидат осудени, сега обвинетите се соочуваат со затвор до 25 години, и глоба до милиони долари.
Извор: Макфакс