Американецот обвинет за шпионажа во Русија денеска ќе биде изведен пред суд
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американецот Пол Вилан, кој е во притвор во Москва под сомнение за шпионажа, денеска треба да биде изведен пред рускиот суд. Вилан, кој е поранешен американски маринец, беше уапсен во Москва кон крајот на декември. Неговото апсење ги поттикна шпекулациите дека би можел да биде разменет за некои од Русите кои се во притвор во САД, како што е активистката за носење оружје Марија Бутина, која се изјасни виновна дека дејствувала како странски агент во САД.
Адвокатите на Вилан бараат тој да биде пуштен да се брани од слобода, но се очекува судот да му го продолжи притворот.
За обвиненијата за шпионажа во Русија може да се добијат до 20 години затвор.
Извор: Радио Слободна Европа