Американската полиција ги следела демонстрантите преку социјалните мрежи
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американската полиција ги следела податоците за локацијата и другите податоци на корисниците од главните социјални мрежи – twitter, facebook и instagram, за да ги следи демонстрантите во Фергусон, Мисури и Балтимор, се наведува во извештајот на Американската унија за цивилни слободи (ACLU).
Како одговор на наодите на Американската унија за цивилни слободи (American Civil Liberties Union – ACLU), Facebook, кој ги поседува социјалните мрежи facebook и Instagram, како и Twitter, го оневозможиле пристапот до своите податоци за Geofeedia – сервисот за геолоцирање на содржината на социјалните мрежи кој ѝ давал податоци на полицијата.
Овој инцидент доаѓа по зголемената загриженост на потрошувачите и надзорните тела во САД околу тоа како онлајн податоците се користат и колку тесно технолошките компании соработуваат со владата во сферата на надзорот на граѓаните.
Извештајот наведува дека Geofeedia го користела својот производ за следење на социјалните мрежи како алатка за следење и контрола на демонстрантите. Производот на Geofidia им овозможува на клиентите да ги следат објавите на социјалните мрежи поврзани со одредена локација. Од овој сервис не сакале ништо да коментираат за Reuters.
Според податоците на ACLU, Geofeedia соработува со повеќе од 500 агенции за спроведување на законот и агенции за јавна безбедност ширум Соединетите држави.
Во ACLU поседуваат и електронско писмо во коешто Geofeedia го цитира наредникот од Балтимор, Ендрју Вакаро, кој рекол дека полициските сили пресретнале деца со ранци полни со камења откако тимот на Geofeedia ги предупредил на „муабети“ од локалното средно училиште.
Балтимор ланскиот мај беше зафатен од бунтот против полициската бруталност по смртта на 25-годишниот афроамериканец Фреди Греј кој почина по фатална повреда на ‘рбетот додека се наоѓал во полициски притвор.
Во октомври ланската 2015 година, вработен во Geofeedia во друга електронска порака се пофалил со „големиот успех“ кој го оствариле следејќи ги расно предизвиканите протести откако во Фергусон, предградието на Сент Луис, бел полицаец го застрела црниот тинејџер Мајкл Браун во претходната 2014 година.
Според ACLU, Facebook и Instagram ѝ го оневозможиле на Geofeedia пристап до своите податоци на 19-ти септември годинава.
„Овој деволепер имал пристап само до оние податоци кои луѓето ги избрале да бидат јавно достапни. Нивниот пристап до податоците е подреден на ограничувања од нашата платформа за приватност која укажува што очекуваме од деволеперот кој ги добива податоците преку facebook“, истакнала портпаролката на Facebook во изјава.
По извештајот на ACLU од Twitter објавија дека веднаш го сопреле пристапот на Geofeedia до нивните податоци.
Извор: Макфакс