Американски суд ненадлежен за тужбата на Турција против Ѓулен
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американскиот суд се прогласи за ненадлежен и ја одби тужбата на Турција против муслиманскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кој е жесток противник на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.
Ѓулен, некогашен близок соработник на Ердоган, денес живее во своеволен егзил во Пенсилванија. Судот ја отфрли тужбата со образложение дека судска постапка за дело сторено во Турција, не може да биде водена во САД.
Турските власти го обвинуваат Ѓулен за тероризам, за „насилен обид за уривање на турската република“ и за „политичка шпионажа“. Ѓулен ги негира сите овие обвиненија.
Извор: Радио Слободна Европа