Правдико

   

Американски суд поведе обвинение против телохранителите на Ердоган

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Американски суд поведе обвиненија за 19 лица, меѓу кои и 15 лица од обезбедувањето на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, под обвинение дека употребиле сила врз мирни курдски демонстранти во Вашингтон за време на посетата на турскиот претседател. Инцидентот се случи вечерта на 16 мај пред резиденцијата на турскиот амбасадор во Вашингтон, каде што замина Ердоган по разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп, што беше одржан во Белата куќа. Обвинетите може да добијат до 15-годишна затворска казна, но од 19-те обвинети, само двајца се во затвор, а за другите е издадена потерница. Мала е веројатноста дека тие доброволно ќе се вратат на американската територија.

Судирот меѓу обезбедувањето, агентите од службата за безбедност и демонстрантите заврши со 12 повредени, меѓу кои и еден полицаец.

Во јуни во Анкара турскиот претседател остро ги критикува плановите на американските власти да поведат обвинение за случајот. Тој ги квалификува демонстрантите како терористи и наведе дека американската полиција не направила ништо против нив.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико