Американски војници обучуваат Сиријци за борба против ИД
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Американски војници во Јордан почнаа да обучуваат борци од сириската опозиција. Обуката се состои во подготовка за борба против џихадистите од Исламска држава.
Американските војници набрзо ќе почнат да обучуваат сириски борци и во Турција, во Саудиска Арабија и во Катар.
Во четирите држави има 450 војници од меѓународната коалиција предводена од САД, а 350 од нив се Американци.
Над 3.750 сириски војници побарале да се вклучат во обуката, а околу 400 од нив ја поминале прелиминарната обука. Американските војници со месеци вршеја проверки на пријавените за да утврдат дека меѓу нив нема непријателски борци илил екстремисти.
Пентагон се уште не ја коментира програмата за обука на сириските борци.
Извор: Нова Македонија