Американскиот Конгрес го ограничи собирањето податоци за комуникациите | Правдико

Правдико

   

Американскиот Конгрес го ограничи собирањето податоци за комуникациите

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претставничкиот дом на САД усвои закон, со кој се ограничува масовното собирање податоци за комуникациите од страна на американските разузнавачки служби.

Capitol_Dome_from_Southeast

Според американските медиуми станува збор за забрана за собирање податоци за телефонски разговори на Американците.

Усвоениот закон предвидува информациите да се собираат од самите телекомуникациски компании, а разузнавачките служби ќе имаат пристап до нив само со одлука на судот.

Компаниите ќе можат да објавуваат извештаи за добиените барања за давање на информации по поминати шест месеци.

Законот беше усвоен со поддршка на 338 конгресмени, а 88 гласаа „против“.

Сенатот за законот ќе се изјасни кон крајот на овој месец.

Оваа реформа, која беше поддржана од претседателот Барак Обама не беше одобрена од Конгресот минатата година.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико