Американскиот сенат го блокираше влезот на Црна Гора во НАТО | Правдико

Правдико

   

Американскиот сенат го блокираше влезот на Црна Гора во НАТО

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

vasingtonОдборот за надворешна политика на Сенатот на САД пред неколку дена едногласно ја подржа ратификацијата на Протоколот за пристапување на Црна гора во Северноатлантската алијанса (НАТО), јавија американските медиуми на чело со угледниот „Форбс“. Меѓутоа, изгледа дека дошло до неочекуван пресврт заради кој Црна Гора може да остане на вратата на Алијансата.

Имено, Протоколот за пристапување беше на дневен ред на Сенатот во понеделникот и вторникот, а истиот можеше да биде одобрен само едногласно, со акламација, бидејќи немаше време сенаторите поединечно да се изјаснуваат.

Причина за ова е тоа што администрацијата на Барак Обама е на заминување и тие сакаа по секоја цена да ја протуркаат ратификацијата пред Доналд Трамп официјално да ја преземе функцијата претседател, пред се поради неговиот став за НАТО.

Сенаторката Џин Шахин дури и јавно ги забрзувала сенаторите што поскоро да гласаат за резолуцијата пред напуштање на Конгресот и стапување на должност на новата администрација на Доналд Трамп.

Меѓутоа, еден сенатор, досега од непознати причини, не се согласил и одбил да ја подржи ратификацијата и така засега целата постапка е одложена.

Ваквата вест е големо изненадување имајќи ги предвид напорите што ги направи САД за да ја внесе Црна Гора во НАТО, пишуваат локални медиуми повикувајќи се на дипломатски извори во Подгорица и Вашингтон.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико