Американските специјални сили наскоро во Сирија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Десетина припадници на американските сили за специјални операции наскоро ќе пристигнат во Сирија, како што вети администрацијата на претседателот на САД Барак Обама. Се очекува да бидат распоредени набрзо, а нивната задача ќе биде да ги организираат локалните сили кои се борат против борците на ИД во Сирија и Ирак.
На крајот на октомври претседателот Обама одобри група која ќе брои над 50 специјалци што ќе биде распоредена во Сирија. Тие нема да учествуваат во борбите, туку ќе имаат улога на советници со цел да помогнат во координацијата на локалните сили.
Тоа ќе биде прво официјално распоредување на американски сили на терен во Сирија од формираната меѓународна коалиција против ИД.
Извор: 24Вести