Американското Министерство за правда ја прекинува истрагата во врска со телефонското хакирање
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Министерството за правда на САД одлучи да не ги гони News Corp или нејзината сестринска компанија Twenty-First Century Fox по завршувањето на истрагата на скандалите во Велика Британија во врска со телефонското хакирање и наводното подмитување на јавните функционери.
Прекинот на истрагата доаѓа откако владата на САД помина години прочешлувајќи преку илјадниците е-маилови од серверите на News Corp.
Официјални извори на Американската служба за спроведување на правдата потврди за Ројтерс дека случајот, кој вклучуваше истрага за можни прекршувања на актот на американските надворешни коруптивни практики , беше затворен од страна на Министерството за правда. News Corp беше известен за одлуката на 28 јануари.
ФБИ не беа веднаш достапни за коментар.
Истрагата беше спроведена во врска со телефонско хакирање и обвиненија за подмитување, вклучувајќи го британскиот весник News Corp. Новинарите од дневниот таблоид на News Corp – The Sun, исто така, беа соочени со гонење од страна на британските власти.
Руперт Мардок ги контролира News Corp и Fox, кои се подели во одвоени бизниси во 2013 година.
Повеќе истраги и судски случаи продолжуваат и во Велика Британија.
Извор: Reuters