Амнести: Хамас вршел страшни злосторства врз Палестинците | Правдико

Правдико

   

Амнести: Хамас вршел страшни злосторства врз Палестинците

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

549307_hamas-foto-reuters-2_fМилитантната група Хамас извршила воени злосторства врз палестински цивили во Појасот Газа за време на војната минатата година со Израел, стои во извештајот на “Амнести интернешнл”.

“Силите на Хамас спроведоа брутална кампања на киднапирање, мачење и убиства на Палестинците обвинети за соработка со Израел за време на израелската воена офанзива врз Појасот Газа”, се вели во извештајот, објавен вчера.

“Амнести” објави серија ужасни случаи врз Палестинци обвинети за помагање на Израел, кои биле брутално мачени и убиени.

“Врвот на Хамас на своите безбедносни сили им даде ” одврзани раце “во злоставувањето на Палестинците.

Случаи во ранг на воени злосторства, кои имаат за цел одмазда и заплашување на територијата на Појасот Газа”, се вели во извештајот .Хамас го контролира појасот Газа, крајбрежната енклава на Медитеранот, на границата со Египет и Израел.

Портпаролот на Хамас Фавзи Бархум го критикуваше извештајот како нефер, аматерски и неверодостоен. “Извештајот е насочен против палестинскиот отпор и движењето Хамас, и намерно ја преувеличува вистинската состојба, не земајќи ги во предвид сите страни во конфликтот, без проверка на веродостојноста на информациите и деталите”, рече Бархум.

Препорачуваме

Партнери на Правдико