Амнести: Хуманитарната криза во Грција е неуспех на европските лидери | Правдико

Правдико

   

Амнести: Хуманитарната криза во Грција е неуспех на европските лидери

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Зголемувањето на бројот на бегалци кои пристигнуваат на Егејските острови е веќе нарушен систем на прием на мигранти, и одраз на неуспехот на европските лидери во соодветно решавање на бегалската криза, предупреди Амнести Интернешнел пред денешниот самит на ЕУ.

amnesti

Секој месец хуманитарната криза, проследена со финансиската криза во Грција, дополнително се влошува, се вели во извештајот на организациите за човекови права.

Лошото планирање, неефикасното користење на средства и кризата со вработувањето,ја прави грчката влада неспособна да ги задоволи потребите и заштитата на правата на бегалците, според АИ.

“Десетици илјади луѓе од ранливите категории, кои се движат по опасно патување по море, за да избегат од војната и сиромаштијата, доаѓаат на островите за да ги дочека систем кој е на колена”, се вели во извештајот на АИ.

Повеќето мигранти имаат ограничен пристап до медицинска и хуманитарна помош, и често се принудени да останат во преполните центри за притвор или во отворени кампови, вели Џон Далхуисен, директор на Амнести Интернешнал за Европа и Централна Азија.

“Хуманитарната криза во Егејското Море не е само грчка трагедија, туку производ на европскиот систем на миграцијата. Тоа е должност на водачите на ЕУ, кои се состануваат оваа недела да изнајдат решение за неподносливиот притисок врз првата линија како што се Грција и Италија, производ на неуспешната миграционата политика на Европа”, рече тој.

“Мора да бидат применети ефикасни решенија за справување со глобалната криза за бегалци и правична поделба на одговорностите во ЕУ”, додаде директорот на Амнести интернешнал.

Истражување открива дека најмалку 61.474 бегалци пристигнаа во грчките острови во периодот од 1 јануари до 22 јуни 2015 година – многу повеќе отколку во текот на целата 2014 година, кога бројот е 43.500.

Бројот на пристигнувања на мигранти се зголемува, со просек од 5.000 посети неделно во првите три недели од јуни.

Поради зголемената безбедност на границата, оградување на копнената граница со Турција, и пракса на репресија на мигранти, поголемиот дел од обидите да се пристигне во Грција се од страна на морето.

Препорачуваме

Партнери на Правдико