Амнести интернешенал: Кина е најголем егзекутор на осуденици во светот | Правдико

Правдико

   

Амнести интернешенал: Кина е најголем егзекутор на осуденици во светот

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Кина, Иран и Саудиска Арабија се најголемите егзекутири во светот, стои во најновиот извештај на организацијата за заштита на човековите права, Амнести интернешанал.

Се верува дека Кина егзекутира поголем број луѓе од сите земји заедно, иако кинеската влада одбива да открие колкав е всушност точниот број на егзекуции.

Според организацијата, бројот на егзекуции извршени во светот во 2016 – та година паднал за 37 отсто во однос на претходната година. Бројот се намалил за една третина, или 1.032 во 23 држави во 2016 година, споредено со егзекуциите во 2015-та година, кога имало 1634 извршени смртни пресуди во 25 држави.

Се тврди дека Кина егзекутира илјадници луѓе, но Пекинг одбива да објави статистики, со објаснување дека бројот на смртни пресуди е државна тајна.

“Време е Кина да престане да биде непријателска земја кон другите земји во меѓународната заедница во однос на смртната казна и конечно да му дозволи на кинескиот народ да има соодветна дебата за државната смртна казна“ изјави Николас Бекулин, надлежен за источно азискиот дел на организацијата.

Иран во 2016-та година егзекутирал 567 луѓе, највеќе обвинети за криминал со дрога, Саудиска Арабија 154 а Ирак 88. Во САД биле извршени 20 егзекуции минатата година, што претставува најмал број од 1991 година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико