Правдико

   

Amnesty: Илјадници луѓе погубени во затвор во Сирија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Организацијата за заштита на човековите права Amnesty International (AI) денес објави дека во затвор на сирискиот режим биле погубени 13.000 луѓе во последните пет години.

Amnesty International ги обвинува властите за спроведување „политика на истребување“ и тврди дека наводните егзекуции биле одобрени на највисоко ниво на сириската влада, пренесува BBC.

Извештајот на невладината организација под наслов „Човечка кланица: Масовни бесења и истребувања во затворот Саједнај“ е напишан по сведоштва на 84 очевидци, меѓу кои има чувари, одуденици и еден судија.

Најмалку еднаш во неделата, од септември 2011 до декември 2015, чуварите ваделе од 20 до 50 луѓе од ќелиите, ги тепале а потоа ги беселе, „ноќе и во тајност“.

Повеќето од жртвите биле цивили кои се сметале за противници на владата на претседателот Башар ел Асад.

„Ги оставаа обесени 10 до 15 минути“, рече еден поранешен судија кој бил сведок на таквите погубувања. Тој додава дека младите луѓе немале доволно тежина за да починат па затоа помошници на џелатите ги влечеле надолу за да им го скршат вратот.

Илјадници затвореници се наоѓаат во воениот затвор Саједнај, околу 30 километри северно од Дамаск.

Обединетоте нации (ОН) минатата година го осудија Башар ел Асад дека спроведува истребувачка политика во земјата каде што од почетокот на војната загинале околу 310.000 луѓе.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико