АМСМ: Од денеска не е задолжително поседувањето зимска опрема
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Законската обврска за задолжително поседување на зимската опрема во возилата завршува денеска, потсети Авто-мото сојузот на Македонија.
Во редовниот извештај за состојбата на патиштата АМСМ соопшти дека сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно суви коловози и се препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.
Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани-Македонска Каменица-Делчево, Виница-Берово, Гостивар-Стража, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија-Удово, Катланово-Велес, Крушево-Демир Хисар и Ресен-Буково.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
АМСМ предупредува дека на патниот правец А2 Стругa-Ќафасан, од бензинската пумпа КМР до Добра Вода-с. Франгово (во должина од 3 км), се препорачува исклучително внимателно управување со возилата поради дупки на коловозот. На самото место поставена е соодветна патна сигнализација и ограничување на брзината од 30 км/час.
Извор: Макфакс