Правдико

   

Амстердам забранува туристички обиколки во Улицата на црвените фенери

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Градските власти во Амстердам објавија дека веќе нема да дозволуваат организирани туристички обиколки до познатата Улица на црвените фенери.

Амстердам, како една од најпознатите европски туристички дестинации, често се соочува со преголема посетеност.

„Тесните улици во т.н. Црвен кварт едноставно не можат да истрпат толкав проток на луѓе, особено во вечерните часови и викендите“, се наведува во соопштението на градските власти.

Де Вален, како што гласи официјалниот назив, е кварт на црвени фенери веќе стотина години и веројатно е најпознат кварт од тој тип во Европа.

Почнувајќи од денеска, организираните туристички обиколки ќе бидат забранети по 19 часот, а од 1 јануари следната година и целосно.

Заменик-градоначалникот Удо Кок изјавил дека групните туристички прошетки покрај излозите зад кои стојат проститутки и други сексуални работници зрачат со непочитување.

„Не е во ред да се третираат сексуалните работници како да се туристичка атракција“, рекол Кок.

Повеќе од 80 отсто од луѓето што работат на Улицата на црвените фенери рекле дека чувствуваат негативни ефекти од туристичките обиколки.

Минатата година Амстердам го посетиле 21 милион туристи.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико