Детална анализа: Како се полни буџетот нa Македонија | Правдико

Правдико

   

Детална анализа: Како се полни буџетот нa Македонија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во периодот јануари – декември 2015 година вкупните приходи на буџетот на Република Македонија изнесуваа 161.207 милиони денари, односно 29,2% од БДП, што претставува поголемо остварување за 10,5% во однос на истиот период 2014 година, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

buget

Даночните приходи во овие дванаесет месеци се реализирани во износ од 91.357 милиони денари, односно 16,5% од БДП и во однос на истиот период од 2014 година се зголемени за 9,0%.

Данокот на додадена вредност е остварен во износ од 41.694 милиони денари, односно 7,5% од БДП, при што учеството на ДДВ во вкупните даночни приходи во овој период е доминантно и изнесува 45,6%.

Акцизите се остварени во износ од 19.783 милиони денари (учество од 21,7% во даночните приходи).

Така, од овие два индиректни даноци во овој дванаесетомесечен период се остварени приходи од 61.477 милиони денари, што претставува 67,3% од вкупните даночни приходи (11,1% од БДП).

Притоа, ДДВ е наплатен во бруто износ од 61.038 милиони денари, од кои на даночните обврзници им е извршен поврат во износ од 19.344 милиони денари (бруто наплатата е повисока за 2,8%, додека повратот по основ на ДДВ е повисок за 24,6% споредено со истиот период 2014 година).

Во структурата на наплатата на ДДВ најголемо е учеството на ДДВ од увоз кој забележува зголемување од 2,7%, додека ДДВ од прометот во земјата забележува раст од 4,6%.

Учеството на ДДВ донациите е незначително и забележува помало остварување за 84,5%.

Набљудувано по одделни категории на даноци, приходите од персоналниот данок се остварени во износ од 12.910 милиони денари и забележуваат раст од 4,8% на годишна основа, при што околу 2/3, односно 67,6% од персоналниот данок претставува приходот од данокот на плати и други лични примања, 7,0% од приходи од игри на среќа и наградни игри, 6,1% по основ на договор на дело, 6,4% од приходи од капитал и 3,8% од приходи од имот и имотни права.

Споредено со истиот период во 2014 година приходите од данокот на добивка во износ од 12.024 милиони денари забележаа зголемување од 137,6%, што главно е резултат на данокот наплатен по основ на даночни биланси со учество од 44,3% во вкупниот данок на добивка, по месечни аконтации со 42,6%, од исплатена дивиденда и друга распределба од добивката учество од 5,8% и 6,5% по основ на задржан данок на исплатените приходи на странски правни лица.

Приходите од ДДВ забележаа намалување од 4,9%, додека акцизите забележаа зголемување од 13,7%.

Приходите од царина беа остварени во износ од 4.330 милиони денари и забележаа зголемена реализација за 2,5%. Приходите од други даноци со остварен износ од 616 милиони денари забележаа намалување од 37,8%.

Неданочните приходи беа остварени во износ од 12.859 милиони денари и во однос на истиот период 2014 година забележаа раст од 20,9% (во овие приходи се приходите од профит од јавни институции, административни такси и глоби, концесии и др.).

Капиталните приходи реализирани по основ на продажба на градежно земјиште, станови и дивиденди, се остварија во износ од 2.265 милиони денари, што претставува зголемување од 20,9% во однос на истиот период претходната година.

Приходите од странски донации од меѓународна и билатерална соработка се остварија во износ од 4.733 милиони денари, односно повеќе за 39,9% во однос на истиот период лани.

Социјалните придонеси од плата се остварени во износ од 47.900 милиони денари, што е повеќе за 8,4% споредено со истиот период од 2014 година, при што зголемување на наплатата се забележува кај придонесите од пензиско и инвалидско осигурување од 8,4%, кај придонесите за здравствено осигурување 8,5% и кај придонесите за вработување од 8,4%.

Извор: еМагазин

Препорачуваме

Партнери на Правдико