Анализа на дискриминациските практики во областа на вработувањето и работните односи | Правдико

Правдико

   

Анализа на дискриминациските практики во областа на вработувањето и работните односи

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Screenshot_3Изработката на Анализата на дискриминациските практики во областа на вработувањето и работните односи врз етничка припадност, возраст, пол и ментална и телесна попреченост директно произлегува од Националната стратегија за еднаквост и недискриминација по основа на етничка припадност, возраст, ментална и телесна попреченост и пол 2012-2015 година како и од Оперативниот план за 2013 година за имплементација на Националната стратегија за еднаквост и недискриминација, стратешка цел 1 – Унапредување на правната рамка за еднакви можности и недискриминација. 

Оваа публикација од правен аспект ја анализира состојбата со дискриминациските практики во областа на вработувањето и работните односи врз етничка припадност, возраст, пол и ментална и телесна попреченост. Анализата, е спроведена во периодот од март до октомври 2013 година од група од четири автори, д-р Жанета Попоска, д-р Беким Кадриу, Ленче Коцевска и Елена Кочоска на иницијатива од Министерството за труд и социјална политика, а со поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје и проектот “Од норма до пракса” спроведен во рамките на Прогрес програмата на Европска унија.

Целото издание можете да го превземете ТУКА

Партнери на Правдико