Правдико

   

Анализа на политичкото учество на лицата со попреченост

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Ефективното политичко учество на лицата со попреченост во процесот на донесување одлуки во државата, е прашање од интерес и во последните години претставува честа тема за дебата на меѓународно и регионално ниво. Во контекст на правото на политичко учество и според меѓународните стандарди за човекови права, политичкото учество (пристап до процесот на донесување одлуки и целосно учество во него), е клучен елемент за реализирање и заштита на правата на лицата со попреченост.

Постојните мерки и активности, новите унапредени политики и закони преземени од страна на државата по ратификацијата на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост (КПЛП) во 2011 година, многу малку придонесуваат кон создавање на услови за еднакви можности и остварување на граѓанските и политичките права. Овие уставни/правни пречки одат во иста линија и со помалку очигледните и висококомплексни форми на исклученост, како што се политичката култура, отсуството на политичка волја, разбирањето на попреченоста од аспект на човековите права, системот на вредности, односно однесувањето и менталитетот на поединците, како во општеството во целина, исто така, и целосен инклузивен процес и учество на лицата со попреченост во политичкиот и јавниот живот не е само придобивка за оваа група на лица, туку и придобивка за самото општество.

Затоа, оваа анализа го проучува директниот ефект што Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и постојните уставни и правни одредби го имаат врз политичкото учество на лицата со попреченост во државата, ја прикажува состојбата на нештата и дава сугестии и препораки за понатамошна дискусија и разгледување во политичката и академската заедница, како и заедницата на лицата со попреченост. Правната рамка која е поставена во оваа анализа е заснована на КПЛП, која во согласност со членот 29 го разгледува принципот на политичкото учество на лицата со попреченост како алатка за јакнење на самата заедница на лицата со попреченост, наместо само заштитата на нивните права.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико