Анализа на претседателските избори 2014 – прв круг | Правдико

Правдико

   

Анализа на претседателските избори 2014 – прв круг

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во недела, 13 април 2014година се одржа првиот круг на претседателските избори во Република Македонија. Право на глас имаа 1.779.572 лица запишани во Единствениот избирачки список, а можеа да се изјаснат на 3480 избирачки места.

Izbori-1

Дијаспората, затворениците и болните лица, своето право на глас можеа да го искористат еден ден претходно, односно во сабота на 12 април. Од вкупно 8.332 пријавени лица за гласање во дијаспората во Изборната единица 7, кој ги опфаќа Европа и Африка на гласање имаа можност да излезат 5.892 избирачи, во ИЕ 8 (Северна и Јужна Америка) – 1.426 и во ИЕ 9 (Азија и Австралија) – 1.014.

Според неофицијалните резултати од Државната изборна комисија, излезноста на овие избори изнесува 48,86 %, со што според Изборниот законик, првиот круг на изборите е успешен. Бидејќи ниту еден од претседателските кандидати не го доби потребното мнозинство гласови, односно над 50% од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список, ќе се организира и втор круг на претседателските избори, каде што ќе се гласа за двајцата кандидати кои во првиот круг добија најмногу гласови – Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски.

Резултати

Според ДИК, резултатите од процесирани 99.72% избирачки места се следниве:

Ѓорѓе Иванов, кандидатот за претседател на владејачката ВМРО-ДМНЕ и коалицијата За подобра Македонија, ја добил довербата од 448.303 граѓани односно 51,65% од излезените избирачи.

За кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски, гласале 326.069 гласачи, односно ја добил довербата на 37,57% од излезените гласачи.

Кандидатот на ДПА, Иљаз Халими, добил 38.965 гласови – 4,49% од излезените гласачи, а Зоран Поповски, кандидатот на политичката партија ГРОМ, ја доби довербата од 31.360 граѓани или 3,61% од вкупниот број на излезени гласачи.

Вкупно неважечки ливчиња – 23.651.

Подетална анализа за резултатите можете да погледнете ТУКА

Претседателски избори 2009 и 2014

Колку за споредба, на претходните претседателски избори одржани во 2009 година, во првиот круг вкупно гласале 1.019.268 гласачи односно 56,88% од вкупниот број избирачи запишани во Избирачкиот список (1.792.082) – 8 % повеќе од 2014.

Во 2009-та, резултатита изгледале вака:

ИМЕР СЕЉМАНИ(ГРУПА ИЗБИРАЧИ Д.Е) 147.547

МИРУШЕ ХОЏА(ГРУПА ИЗБИРАЧИ Р.К.) 30.225

НАНО РУЖИН(ГРУПА ИЗБИРАЧИ Д.Ц) 40.042

ЃОРГЕ ИВАНОВ(62 ПРАТЕНИЦИ ) 345.850

ЉУБЕ БОШКОСКИ(ГРУПА ИЗБИРАЧИ К.С ) 146.878

АГРОН БУЏАКУ(ГРУПА ИЗБИРАЧИ А.А ) 73.629

ЉУБОМИР ДАНАИЛОВ – ФРЧКОСКИ(ГРУПА ИЗБИРАЧИ Д.И) 202.691

Вкупно гласови: 986.862

Оценки за изборите

Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање го следеше со 580 набљудувачи, кои покрија над 15 проценти од избирачките места на територијата на Р. Македонија, односно над 15 проценти од гласачките места во рамките на секоја општина. Од нивна страна, забележани се низа на неправилности – сликање на гласачките ливчиња, подмитување за гласови пред изборните единици, јавно гласање, лесно бришење на маркерите со кои се обележуваа гласачите што излегле на гласање, итн. Евидентиран е и инцидент помеѓу Радмила Шеќеринска и Амди Бајрам, по што интервенирала полицијата и ситуацијата се смирила.

Невладината Цивил, која имаше 75 акредитирани набљудувачи на изборите, исто така пријави нерегуларности – агитација на партиски функционери, телефонски јавувања и испраќање СМС пораки до граѓаните, но и осврна внимание кон т.н. трајно мастило кое лесно може да се избрише и со влажно марамче како и на забелешките дека полицијата се однесувала несоодветно на својата должност.

Се очекуваат извештаи и од другите набљудувачи, а генерална оценка за изборите е дека поминаа во мирна атмосфера, без поголеми инциденти и со бројни неправилности.

–ПРАВДИКО–

Препорачуваме

Партнери на Правдико