Правдико

   

Анализа за процена на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во оваа публикација се разгледува ефективноста на националните програми и мерки за вработување на лицата со попреченост. Анализата на законите, политиките и на институционалната рамка и инфраструктура е направена чекор по чекор со фокус на поединечните исходи, ефекти и резултати, како и на нивното севкупно влијание. Посебен акцент е ставен на заклучоците во однос на финансиските импликации од постојните политики, како и на ограничувањата во нивното влијание. На крајот на анализата, заклучоците и препораките даваат преглед на чекорите кои треба да се преземат во иднина за да се зголеми севкупната вклученост на лицата со попреченост на отворениот пазар на трудот. Дадените заклучоци и препораки се засноваат на собраните податоци, на забележаната реалност, како и на Конвенцијата на Обединетите нации за правата на лицата со попреченост и Директивата на Советот 2000/78/EC за еднаков третман во вработувањето и професијата.

Анализата е спроведена во период кога пред крај е истекот на постојната Национална стратегија за еднакви права на лицата со попреченост 2010-2018 (ревидирана), и кога е искажана подготвеност за продолжување на процесот за подготовка на нов Закон за вработување на лицата со попреченост и професионална рехабилитација, како и подготовка на новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација, кој е во финална фаза. Покрај постојните закони, политики и рамки, акцентот е ставен и на овие документи бидејќи во нив се содржани и обврските кои се преземени на меѓународно ниво. Овие документи ќе послужат како основа за идните политики и мерки за поддршка.

Целото издание можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико