Анархисти го зазедоа седиштето на Сириза | Правдико

Правдико

   

Анархисти го зазедоа седиштето на Сириза

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Група анархисти го окупираше денеска седиштето на владејачката грчка партија Сириза во знак на поддршка на лицата кои штрајкуваат со глад поради условите во грчките затвори со максимум обезбедување.

3A5B56DABCCE834785DB54B4DD2236E5

Групата од педесетина анархисти влезе во зградата на Сириза во центарот на Атина и го принуди персоналот да го напушти објектот, соопштија партиски функционери.

Портпаролката на партијата Ранија Свигу изјави дека вработените не повикале полиција. Сириза претходно често ги критикуваше острите интервенции на полицијата кон протестите заради острите мерки за штедење.

Анархистите на терасите закачија транспаренти со кои повикуваат на укинување на контроверзните затвори од тип Ц, во кои се затворени најозлогласените грчки криминалци и терористи.

Активистите тврдат дека затворениците непотребно се изложени на остар режим во тие затвори и оти не им е дозволен контакт со семејствата. Тие, исто така, побараа и ослободување на Савас Ксирос, бомбаш од екстремната левичарска терористичка група „17 ноември“, кој е на отслужување доживотна робија, а кому сериозно му е нарушено здравјето.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико