Англичанец осомничен за компјутерска измама на штета на струмичка фирма | Правдико

Правдико

   

Англичанец осомничен за компјутерска измама на штета на струмичка фирма

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Струмичката полиција поднесе кривична пријава против 24-годишен државјанин на Велика Британија, В.Ч.А. од Торонто поради постоење основано сомнение за компјутерска измама, соопшти Министерството за внатрешни работи.

– Пријавениот на 26 август лани со намера да се стекне со противправна имотна корист на штета на струмичка фирма, креирал е-маил адреса речиси идентична на мејл адресата во сопственост на друга фирма од Турција, која имала деловна соработка со фирмата од Струмица. Од лажната мејл адреса доведувајќи го во заблуда оштетениот, дека правното лице од Турција има проблеми со тековната сметката во тековната банка, побарал да извршат уплата во износ од 14.346,25 евра на трансакциската сметка во банка во Австрија наведена во профактуарата, прикачена во прилог на лажниот емаил, за да биде извршена испораката на стоката од профактурата, дејствие коешто од страна на оштетеното правно лице било извршено – објаснуваат од МВР.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико