Анкара официјално побара од Атина да ги екстрадира осуммината Турци кои побараа азил | Правдико

Правдико

   

Анкара официјално побара од Атина да ги екстрадира осуммината Турци кои побараа азил

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Турција поднесе официјално барање до Грција за екстрадиција на осуммината Турци кои избегаа во Александрополис по неуспешниот обид за државен удар минатиот месец.

turcija-puc

Според некои турски медиуми, документите за предметот и барањето за екстрадиција биле испратени вчера од страна на турското Министерство за правда до колегите во Атина.

Шестмината пилоти и двајца инженери се уште се во полициски притвор во Атика, и чекаат одговор на нивното барање за азил. Нивните апликации ќе бидат разгледани на 19, 23, 24 и 25 август.

Турција сака да им се суди под обвинение за прекршување на Уставот на земјата, за обид да извршат атентат врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и за учество во државниот удар.

Сите осуммина ги отфрлија обвиненијата и велат дека се плашат дека ќе бидат убиени ако се вратат во Турција.

Извор: 24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико