Антикорупционерите ќе бараат Советот на јавните обвинители да ја преиспита одлуката за Матка | Правдико

Правдико

   

Антикорупционерите ќе бараат Советот на јавните обвинители да ја преиспита одлуката за Матка

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Јавниот обвинител не успеа да ги убеди антикорупционерите дека градоначалникот на општина Сарај, Блерим Беџети, нема одговорност во случајот со дивоизградените платформи на Матка.

Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, посочи дека одлучиле да достават претставка до Советот на јавните обвинители за да ја преиспита работата на јавниот обвинител заедно со предметот и донесеното решение по него.

„Не се убедивме дека јавниот обвинител правилно и целосно ги презел сите процесни дејства, ниту дека ги оценил сите податоци што ги потврдуваат наводите дека градоначалникот со другите службени лица не ги презеле дејствата и дозволиле стопанисување и остварување противправна корист за себе и други со непреземање дејства за отстранување на објектите“, рече Ивановска.

Таа додаде дека предметот за Матка е комплексен, а вината не може да се насочи само кон градоначалникот на Сарај.

„Ја повикуваме Владата да постапи и да преземат конкретни активности за заштита на Матка и таа да биде прогласена за споменик на природата. Апелираме до Владата да го прифати барањето за постапување, како што претходно го прифати барањето за постапување за ефикасно справување со дивоградбите во крајбрежниот дел на Охрид и проблемот со закупот на плажите“, додаде Ивановска.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико