Антикорупционерката што поднесе оставка увидела судир на интереси кај Штерјев
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Антикорупционерката Жаклина Дамческа, која утрово поднесе оставка, вчера до архивата на Комисијата поднела службена белешка со која ги известува преостанатите членови дека увидела судир на интереси кај претседателот на Советот на јавни обвинители, Коле Штерјев, дознава „Макфакс“. За едниот предмет со изборот на внуката на Коле Штерјев, предметот се паднал за реферирање токму кај неа.
Откако антикорупционерите ја добиле потребната документација од Советот на јавни обвинители, Дамческа утврдила дека станува збор за судир на интереси во случајот со внуката на Штерјев. Тој е во роднинска врска по сватовство од втор степен со обвинителката Марија Ѓорѓева, за која Штерјев при изборот гласал воздржано. Според Законот за судир на интереси, Штерјев требало да побара изземање од гласањето, а не да гласа воздржано. Ваквите насоки и предлогот за утврдување судир на интереси, Дамческа ги напишала во службена белешка до нејзините колеги.
Извор: Макфакс