Антикорупциска ќе собира информации за набавката на кинеските вакцини
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) ќе пристапи кон собирање информации во врска со наводите што се појавија во медиумите, а се однесуваат за набавка на вакцините од кинескиот производител „Синофарм“.
Претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, за Радио Слободна Европа порача дека во оваа ситуација треба да се вклучат и другите органи како Јавното обвинителство.
„Ние се договоривме да собереме доволно информации да ги разгледаме околностите и потоа ќе одлучиме како ќе постапуваме понатаму во зависност од тоа што ќе добиеме како информација“, изјави Ивановска за РСЕ.
Италијанскиот весник „Ла Верита“ вчера објави дека Кина ѝ го вратила авансот на Македонија за кинеските вакцини, бидејќи „набавката требало да се одвива преку фантом посредничка фирма, со седиште во Хонгконг, која немала стабилно темели, но имала големи финансиски депозити во германската „Дојче банк“. Весникот денеска ги објавува писмата од министерот за здравство Венко Филипче до „Синофарм“ за набавка на вакцините.
Премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче, негираа какви било незаконски дејствија во врска со набавката на вакцината.
Извор: Макфакс