Антикорупциска отвори четири постапки од пет претставки на СДСМ и Коалицијата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната седница отвори постапки за четири од пет претставки на СДСМ и коалицијата во врска со противзаконски вработувања во јавни институции и претпријатија во предизборниот период. Партијата во претставките укажува на прекршување на Законот за избори и Законот за спречување на корупција и побара запирање на постапките до завршување на изборите или преземање соодветни законски мерки од страна на Комисијата.
Комисијата на јавната седница одлучи да побара образложенија за текот на постапките за распишани огласи за вработување на 6 нотари во Министерството за правда, двајца артисти во ЈУ „Театар за деца и млади“, еден наставник по турски јазик во ОУ „Страшо Пинџур“ од Карбинци и еден шалтерски работник во ЈП „Македонска пошта“. Комисијата бара и образложение за итноста и неодложноста за вработувањата и дали за овие работни места има мислење од Министерството за финансии и обезбедени пари за тековната година.
Според Комисијата, овие институции пред да ги објават огласите за вработување добиле и мислење од ДКСК во кое биле предупредени да ги почитуваат законите.
Претставката на СДСМ и коалицијата која беше отфрлена се однесуваше на испитување на законитоста за вработување на ИТ администратор во Државната комисија за спречување на корупција.
Како што образложи Комисијата, вработувањето на компјутерскиот администратор било оправдано од итни и неодложни причини, бидејќи единствениот вработен администратор дал отказ во периодот пред изборите.
Извор: Нова Македонија