Антикорупциска – Предизборните огласи за вработување создаваат заложничка ситуација | Правдико

Правдико

   

Антикорупциска – Предизборните огласи за вработување создаваат заложничка ситуација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Институциите го заобиколуваат правилото за забрана за предизборни вработувања, изјави претседателката на Државната комисија за спречување на корупција Билјана Ивановска на денешната прес-конференција посветена на локалните избори.

Таа вели дека законот забранува предизборни вработувања, но таа забрана се заобиколува со објавувањето на огласите пред избори, а вработувањата се вршат по завршувањето на изборите.

„Со самото објавување ги ставаат во заложничка позиција оние кои што очекуваат да бидат вработени и тоа може да си користат како класичен клиентелизам, односно како обезбедување на гласови и тие замислете веќе некои се пријавиле и ги имаат нивните информации, кои се тие, кои се нивните семејства и тука има повеќе простор за големи сомнежи и тоа не е во духот на доброто управување“, вели Ивановска.

Таа им укажа на институциите од централната и локалната власт дека ќе треба да го почитуваат Изборниот законик за ограничување и забраните за вработување, не може да се започне со изградба на патишта, водоводи, канализација, спортски игралишта, или градинки и училишта.

Таа потсети дека институциите не смеат да исплаќаат еднократни трансфери од буџет кои не спаѓаат во редовни исплати.

Таа вели дека во секој изборен процес се забележливи заобиколувања на правилата и изборниот законик.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико