Антикорупциска преплавена од жалби поради разрешувања функционери
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Триесет и двајца државни службеници вработени во Генералниот секретаријат на Владата поднеле приговор до антикорупционерите дека спротивно на член 8а од Изборниот законик, кој забранува именување и разрешување додека се распишани изборите, е поведена постапка за нивна смена.
На јавна седница седумте члена на Државната комисија за спречување корупција ги разгледаа трите приговори поднесени до нив. Првиот приговор го поднел административниот службеник од Кичево, Димче Стојановски, бидејќи Генералниот секретаријат на Владата повел дисциплинска постапка за прекинување на работниот однос.
Слободанка Алексовска од Скопје го поднела вториот приговор до антикорупционерите како раководител на Центарот за вработување во Скопје. Во него се наведува дека в.д. директорката на Агенцијата за вработување спротивно на законот ја прераспределила на пет работни позиции пониско, отворила дисциплинска постапка против неа и донела решение за суспензија.
Антикорупционерите решија да се обратат до институциите и да побараат одговор во рок од 15 дена за поднесените приговори до нив. Претседателот на ДКСК, Игор Тантуровски, на прашање на „Макфакс“ во врска со поднесениот приговор од поранешниот директор на Агенцијата за планирање на просторот, Љупчо Георгиевски, за прекршување на Изборниот законик, рече дека постапката е сè уште во тек.
Тантуровски изјави дека сите следни седници на Комисијата на кои ќе се разгледуваат приговори за прекршување на Изборниот законик ќе бидат јавни. Тој не сакаше да открива детали од извештајот што антикорупционерите го испратија до Владата.
В. Маглешов
Извор: Макфакс