Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката | Правдико

Правдико

   

Антикорупциската комисија продолжува со предметите за Рашковски и покрај оставката

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), по поднесената оставка од страна на владиниот секретар за мониторинг и поддршка на институциите, Драги Рашковски, информира дека неговото повлекување од функцијата нема да влијае во постапката по предметите кои се поврзани со него.

„Оставката на поранешниот генерален секретар на Владата не влијае на работата по споменатите предмети. Постапувањето ќе продолжи согласно надлежностите и процедурите на ДКСК“, стои во кусото соопштение.

Името на Рашковски во последниот период беше поврзано со низа обвинувања од опозицијата, со неколку случаи кои се под мониторинг на Антикорупсиската комисија, а дел се и предмет на истрага во Јавното обвинителство. Некои од нив се „Леонардо“, „Софтвер за МВР“, „Џип волво“…

Рашковски во оставката чиј текст утрово го објави на социјалните мрежи, наведува дека повлекувањето е поврзано со зачувување на достоинството и интегритетот.

„Вистината нека се провери преку институциите. Нема затскривање позади функции“, напиша тој.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико