Антитерористичка акција на МВР: Се апсат борци на ИД од Македонија | Правдико

Правдико

   

Антитерористичка акција на МВР: Се апсат борци на ИД од Македонија

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

10996020_10152596822636682_7539290991246371016_nЕкипи на Министерството за внатрешни работи (МВР) од утринава спроведуваат акција за апсење лица за кои постојат сомнежи дека учествувале во борбите во Сирија на страна на милитантната исламистичка организација Исламска држава (ИД).

Помошникот-министер за односи со јавноста на МВР, Иво Котевски, ја потврди информацијата за „Мета“. Детали за акцијата од МВР најавуваат во текот на денот.

Според информациите, специјалните полициски сили извршиле претреси во повеќе градови во земјава, како Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар.

Според првичните информации, покрај учесници во паравоените формации на ИД, приведени се и лица за кои постојат сомнежи дека врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија.

Од МВР за „Мета“ првично велат дека за време на акцијата не се регистрирани инциденти.

Извор: META.mk

Препорачуваме

Партнери на Правдико