Антонио Гутереш е новиот генерален секретар на ОН | Правдико

Правдико

   

Антонио Гутереш е новиот генерален секретар на ОН

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Антонио Гутереш е новиот генерален секретар на ОНСоветот за безбедност на Обединетите нации (ОН) во средата едногласно го избра поранешниот португалски премиер Антонио Гутереш за нов генерален секретар на ОН, пренесуваат светските агенции.

Гутереш во последното неформало гласање добил 13 позитивни гласови, без негативни и со два неутрални гласа. Веста дека Португалецот ќе го наследи досегашниот генерален секретар Бан Ки-мун ја објави и рускиот амбасадор при ОН, Виталиј Чуркин, а потоа се огласи и самиот Гутереш.

„Договорот е постигнат, членовите на Советот за безбедност на ОН ме избраа за нов генерален секретар на ОН. Среќен сум и чест ми е“, напиша Гутереш на својот Твитер профил.

На второто место на гласањето заврши српскиот кандидат Вук Јеремиќ, кој освои осум позитивни гласови, пет негативни и два неутрални гласа, додека на трето место е кандидатот на Словачка, Мирослав Лајчак со седум позитивни, шест негативни и два неутрални гласа.

Новиот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш ја извршуваше премиерска фунција во Португалија од 1995-та до 2002-та година, а во еден период беше и претседател на Социјалистичката интернационала. На позицијата висок комесар на ОН за бегалците се наоѓаше од 2005-та до 2015-та година.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико