Апанажа побарале 44 пратеници од минатиот собраниски состав
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Четириесет и четворица пратеници од минатиот парламентарен состав доставиле барања до Собранието за апанажа, брифира претседателот на Собранието, Талат Џафери.
Тој на денешната средба со новинарите рече дека сè уште трае рокот за поднесување барање за надомест по престанок на функција од поранешните министри.
Доколку од Владата добие предлог за укинување на патните трошоци на сите избрани и именувани функционери, вклучувајќи ги и пратениците, Џафери најави дека овој предлог ќе достави на гласање. Рече дека ако некои пратеници се откажат од користењето службени возила ќе им обезбеди паркинг за тротинети.
Минатата недела премиерот Зоран Заев изјави дека на поранешните пратеници ќе им понуди работа во администрација за да се откажат од апанажата.
Извор: Макфакс