Апелација денес расправа по жалбата на Кежаровски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Скопска апелација денес ќе ја почне расправата по жалбите за случајот „Ликвидација“ помеѓу кои и на новинарот Томислав Кежаровски откако неговата одбрана ја обжали по сите основи.
Апелациониот суд ќе треба да одлучи дали ќе ја укине затворска казна на која беше осуден Кежаровски и ќе го врати целиот предмет на повторно одлучување, дали ќе ја потврди првостепената пресудата, или пак ќе донесе нова пресуда. Рок за одлука нема.
Во пресрет на расправата, меѓународните новинарски здруженија уште еднаш ги повикаа македонските власти да ги отфрлат сите обвиненија против Кежаровски.
– Томислав Кежаровски е неоправдано казнет затоа што застанал зад својата професија и заштита на своите извори. Во текстовите тој откри дека заштитен сведок дал лажно сведочење за убиство. Бараме да се потврди правдата и Томислав да замине од овој кошмар како слободен човек, стои во соопштението од Меѓународната федерација на новинари и Европската федерација на новинари.
Расправата на Апелација утре ќе ја следат и од Иницијативниот одбор за спас на Кежаровски. Тие денеска одбележаа една година од протестите во близина на Музејот на македонската револуционерна борба. Положија цвеќе на местото и упатија апел до судиите да се ослободат од политичкиот притисок.
Со силна полициска блокада на 23 октомври минатата година новинарите беа спречени да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба, па револтот од притворот на Кежаровски мораа да го изразат на неколку десетици метри подалеку.
Кежаровски беше уапсен пред година ипол во ацкијата „Ликвидација“, а пред една година и осуден од првостепениот суд на 4,5 години затвор, поради текстови во кои го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот „Ореше“. Неполн месец по изрекувањето на пресудата беше пуштен во домашен притвор кој се уште го издржува.
Извор: 24Вести