Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта | Правдико

Правдико

   

Aпелација ги објави одлуките: Груевски не може да бега со лична карта

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелациониот суд ги објави одлуките за одбивање на мерките притвор за обвинетите во „Титаник“, меѓу кои за Никола Груевски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.

Во образложението на одлуката за Груевски пишува дека со оглед на фактот што на обвинетиот му се одземени патната исправа и службениот пасош и мора секој петок да се јавува вo судот, се елиминира опасноста од бегство. Дополнително, пишуваат судиите во одлуката, податоците за оваа мерка на претпазливост се внесуваат во компјутерската евиденција на МВР, поради што  обвинетиот не може да оствари излез од државата и со лична карта.

„Паричните средства што ги поседува обвинетиот, на што укажува обвинителството како можност за бегство за обвинетиот надвор од државата, овој суд цени дека не можат да се земат изолирано туку во склоп со личните и семејните прилики на обвинетиот“, пишува во одлуката.

Според судиите, можноста Груевски да влијае врз сведоци е апстрактна и непоткрепена. „Обвинителството не го стори веројатно сомневањето дека обвинетиот би вршел влијание врз сведоци и соучесници, а според овој суд, не е доволно само да се истакне апстрактна можност за влијание туку потребно е да се наведат конкретни околности кои го потврдуваат постоењето на оваа опасност, како што образложува и првостепениот суд“.

Образложението за ексминистерката Јанкулоска е дека опасноста од попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците за овој суд е неоснована. Судиите сметаат и дека поврзувањето на функцијата министер на МВР на обвинетата со влијание врз сведоците и околноста дека дел од сведоците предложени од обвинителството со листата докази биле нејзини поранешни подредени се неосновани бидејќи обвинетата подолг временски период не ја врши наведената функција.

Извор:Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико