Апелација ги уважи жалбите на обвинетите од случајот ,,Шпион" | Правдико

Правдико

   

Апелација ги уважи жалбите на обвинетите од случајот ,,Шпион”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

01092016111538_web_apelacijaАпелациониот суд – Скопје до Основниот суд Скопје 1 – Скопје ја достави пресудата со КОКЖ 35/15 со која првостепенета пресуда за предметот во јавноста познат како „Шпион“ се потврдува, со тоа што жалбите на обвинетите делумно се уважуваат и пресудата се преиначува во делот на одлуката за казната, додека жалбата на обвинетиот Ѓ.Х. се уважува и во овој дел пресудата  се враќа на повторно судење и одлучување.

Во останатиот дел, првостепената пресуда, се потврдува во целост.

Со второстепената пресуда казните за обвинетите се намалени на начин што :

Обвинетиот М.Е. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 1, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 и член 316 ст.1 в.в со член 45, Уцена од член 259 ст.2 в.в ст.1 и Прикривање од член 261 ст. 3 в.в со ст. 1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 10 години и 6 месеци.

Обвинетиот И.А. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 1, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци.

Обвинетиот А.А. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 1 Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци.

Обвинетиот М.З. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци.

Обвинетиот Б.Ц. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Шпионажа од член 316 ст. 3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци.

Обвинетиот М.Н. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 2 години и 11 месеци.

Обвинетиот Г.С. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Изнуда од член 258 ст.2 в.в ст. 1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 3 месеци.

Обвинетиот М.М. за кривичното дело дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 1 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 3 години не стори ново кривично дело.

Обвинетиот В.С. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Оддавање државна тајна од член 317 ст.2 в.в член 45 и Изнуда од член 258 ст.2 со ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години.

Обвинетиот В.Ц. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Злоупотреба на државна, службена или воена тајна од член 360 – а ст.2 в.в со ст. 1од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Обвинетиот А.Д. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2, Оддавање државна тајна од член 317 ст.2 и Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци.

Обвинетиот А.В. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Обвинетиот Ц.Д. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ се осудува на единствена казна затвор во траење од 2 години и 4 месеци.

Обвинетиот Ж.П. за кривичните дела Злосторничко здружување од член 394 ст. 2 и Уцена од член 259 ст.2 в.в со ст.1 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Обвинетиот Т.К. за кривичното дело Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со член 45 од КЗ се осудува на казна затвор во траење од 2 години.

Обвинетиот К.С. за кривичното дело Шпионажа од член 316 ст.3 в.в со член 45 в.в со член 24 од КЗ му се изрекува алтернативна мерка – Условна осуда во траење од 2 година затвор која казна нема да се изврши ако обвинетиот во рок од 5 години не стори ново кривично дело.

Во утврдените казни се засметува и времето кое обвинетите го минале во притвор или куќен притвор.

Што се однесува до претходните казни изречени со првостепената пресуда која беше обжаелна, а сега и потврдена, освен во делот на казните, истите веќе се објавени на веб – страницата на судотhttp://osskopje1.mk/Novosti.aspx?novost=325

Препорачуваме

Партнери на Правдико