Апелација ја отфрли жалбата на СЈО за притвор на Горан Грујевски | Правдико

Правдико

   

Апелација ја отфрли жалбата на СЈО за притвор на Горан Грујевски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелациониот суд ја отфрли жалбата на Специјалното обвинителство кое бараше да му се одреди притвор на началникот на УБК, Горан Грујевски. Двостепеното одлучување веќе било искористено, а тоа е жалба пред кривичниот совет вели за 24 Вести судијата портпарол Сафет Кадрии.

38194
Според тоа решение, началникот Грујевски треба да го напушти притворското одделение во Шутка и да замине во домашен притвор.

Од Специјалното обвинителство за 24 Вести велат дека се уште го немаат добиено решението од Апелациониот суд, па откако официјално ќе ги видат документите ќе го кажат својот став.

Горан Грујевски се наоѓа во притвор од 30 март. Тој е првоосомничен во акцијата на СЈО, под оперативно име „Тврдина“.

Извор: 24Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико