Апелација ја зголеми казната на возачот кој прегази новинарка кај Зебра | Правдико

Правдико

   

Апелација ја зголеми казната на возачот кој прегази новинарка кај Зебра

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бојан Блажевски за сообраќајната несреќа во која загина новинарката Сузана Тодоровска-Павловска наместо пет ќе треба да одлежи шест години казна затвор.

7DD11B0AFEA5254AA85269CA7058ABAE

Од Кривичниот суд информираат дека Апелацискиот суд ја потврдил пресудата на Основниот суд Скопје 1 за сообраќајката што се случи кај трговскиот центар „Зебра“ и ја преиначил во делот на казната, со што обвинетиот Блажевски за кривичното дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот го осуди на казна затвор во траење од 6 години, при што му се пресметува и времето минато во притвор.

Апелацискиот суд, жалбата на обвинетиот ја одбил како неоснована, а жалбата на Основно јавно обвинителство – Скопје ја уважил со што казната се зголемува на 6 години затвор, додека во останатиот дел пресудата се потврдува.

Блажевски призна дека е виновен за сообраќајната несреќа и каење за делото што го сторил. Обвинителството потенцираше дека Блажевски бил под дејство на алкохол и на психотропни супстанции во моментот кога ја прегазил новинарката.

Извор: Утрински Весник

Партнери на Правдико