Апелација на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за куќен притвор на градоначалникот Талески | Правдико

Правдико

   

Апелација на јавна седница ќе ја разгледува жалбата за куќен притвор на градоначалникот Талески

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

apelacijaВо Апелацискиот суд попладне ќе се одржи јавна седница на која ќе се расправа по жалбата што ја поднесе одбраната на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, за куќниот притвор што му го определи Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1.

Седницата се одржува на барање на одбраната на Талески. Градоначалникот од пред една седмица е во куќен притвор за случајот „Траснпортер“ по барање на Специјалното јавно обвинителство.

Во овој случај има вкупно 22 осомничени, а се товарат за малверзации со превозот на учениците. СЈО бараше притвор за Талески, но судија му одреди мерки на претпазливост односно одземање на пасошот, но Кривичниот совет на судот ја преиначи одлуката и му определи куќен притвор во траење од 30 дена.

Извор:24 Вести

Препорачуваме

Партнери на Правдико