Апелација на 30 август ќе одлучува за затворот на Груевски
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Апелациониот суд на 30 и 31 август ќе одржи седница на која ќе расправа за жалбата на Никола Груевски за предметот „Тенк“ за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“.
Судијката Добрила Кацарска ја напиша пресудата за Груевски и Ѓоко Поповски на над 200 страници.
Груевски беше осуден на казна од 2 години затвор за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, а Поповски за злоупотреба на службената положба и овластувањето. За овој предмет за кој е осуден Груевски настапува апсолутна застареност на кривичното дело во октомври годинава доколку нема правосилна пресуда.
Извор: Макфакс