Правдико

   

Апелација на 4 ноември ќе одлучува за затворот на Сашо Мијалков

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Апелациониот суд в понеделник на 4 ноември ќе одлучува за затворската казна на ексшефот на тајната полиција Сашо Мијалков и останатите обвинети во предметот „Титаник 2“.

Судија известител за предметот е Тања Милева. Во првостепената пресудата за предметот „Титаник 2“ изречена во март годинава, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, беше осуден на 3 години затвор, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, на 3,2 години,поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, на 4,5 години и Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Елизабета Стефановска на 3 години затвор.

Судот го прифати барањето на СЈО и по изрекувањето на пресудата им определи притвор на Сашо Мијалков и на Бедредин Ибраими, а останатите четворица осудени добија мерки за претпазливост. Мијалков и Ибраими излегоа од притвор бидејќи станува збор за скратена постапка.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико