Апелација одлучи: 4,8 години затвор за Сеад Кочан и условна за Василије Авировиќ | Правдико

Правдико

   

Апелација одлучи: 4,8 години затвор за Сеад Кочан и условна за Василије Авировиќ

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Бизнисменот Сеад Кочан доби казна затвор од 4,8 години, а Василије Авировиќ, наместо ефективен затвор, доби условна казна. Кривичниот совет судии на Апелациониот суд во Скопје ја потврди првостепената пресуда на кривичниот суд за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Труст“. Казната на Кочан ја намали од 6 на 4,5 години, а на Авировиќ од три години – во условна казна.

Епилогот за Авировиќ следува кога лани Собранието изгласа измени во Кривичниот законик, со кои за кривичното дело злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство, предвидената казна беше намалена од 5 на 4 години. Апелациониот суд му ја ублажил казната од 3 на 2 години, што дозволува да му биде изречена условна осуда.

„Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-1026/18, во јавноста познат како „Труст“, по одржана јавна седница, донесе пресуда со која жалбите на обвинетите С.К. од С. и В.А. од С., делумно ги уважи на начин што ја преиначи првостепената одлука во делот на казната и обвинетиот С.К. го осуди на казна затвор во траење од 4 (четири) години и осум (осум) месеци, а на обвинетиот В.А. му е изречена алтернативна мерка условна осуда, така што му се утврдува казна затвор во траење од 2 (две) години и истовремено се определува дека утврдената казна затвор нема да се изврши доколку обвинетиот за време од 5 (пет) години по правосилноста на пресудата не стори ново кривично дело“, пишува во соопштнието на скопска Апелација.

Првото рочиште за случајот се одржа на 7 ноември 2017 година, а обвинетите пресудата ја слушнаа на 20 јули 2018 година. Управителот на компанијата „Трансмет“, Сеад Кочан, беше осуден бидејќи со лажни документи учестувал и добил тендери за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“ на АД ЕЛЕМ вреден 17 милиони евра.

Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска го ослободи од обивинение третообвинетиот Сафет Ветиќ затоа што делото за кое се гони не е кривично дело.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико