Апелација одлучува дали снимките од „Јутјуб“ да бидат доказ во случајот „Поткуп“ | Правдико

Правдико

   

Апелација одлучува дали снимките од „Јутјуб“ да бидат доказ во случајот „Поткуп“

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дали снимките од посебните истражни мерки објавени на „Јутуб“ можат да бидат доказ во случајот „Поткуп“, денеска треба да одлучи Апелацискиот суд Скопје. Адвокатите на Заев побараа од Основниот суд Скопје 1 оваа снимка да се издвои од доказите бидејќи беше објавена на неколку медиуми, а се работи за тајна снимка. Судот го одби нивното барање по што поднесоа жалба до Апелцискиот суд.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

Следното судско рочиште за „Поткуп“ во Кривичниот суд е закажано за 25 декември.

Извор: Makfaks

Препорачуваме

Партнери на Правдико