Апелација одлучува по жалбата на Ѓоко Поповски, помошник-министер во МВР
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Апелациониот суд одлучува по жалбата на Ѓоко Поповски, помошник-министер во МВР задолжен за набавки, кој е обвинет во случајот „Триста“, за набавка на 300 полициски возила. Во судот денеска дојдоа Поповски и неговите адвокати, Боро Тасевски и Димитар Данков, додека од Специјалното обвинителство застапници на обвинението се Стевчо Донев и Гаврил Бубевски. Судија известител за предметот е Лилјана Ивановска Шопова, а во советот членуваат и Јани Нича и Африм Фидани.
Случајот „Триста“ беше презентиран од СЈО на прес-конференција на 23 март. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи кажа дека се работи за кривично дело – злоупотреба на службената положба и овластување, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошник-министер во Министерството за внатрешни работи, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила.
„Од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот во временскиот период од 23 јуни 2008 година до 3 мај 2012 година во Скопје, како службено лице помошник-министер во МВР, овластен со решение од министерот за внатрешни работи да ги спроведува постапките за јавни набавки во министерството, со искористување на својата службена положба и овластувања, при вршење јавни набавки, го оштетил буџетот за износ 27.894.555 денари или 453.570 евра“, кажа тогаш Фетаи.
К. Ландов
Извор: Макфакс